Со потпишувањето на договорот на градоначалничката на Битола Наташа Петровска, претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, денеска почна постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола.
По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно-историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.
Офицерскиот дом, неговата реконструкција и враќањето на стариот сјај на битолскиот бисер, беше еден од клучните проекти за овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска. Инаку реконструкцијата на Офицерскиот дом неколку години беше топ-тема во Битола и предмет на кој политичките партии повеќе години се обвинуваа едни со други за тоа кој е виновен што Офицерскиот дом од најрепрзентативен објект во градот стана место каде се собираа бездомници, алхохоличари и нарко-зависници.
М.М.