Судијата Ненад Савески ѝ определи куќен притвор на Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, потретседателката на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, рече нејзиниот адвокат, Душко Јанковиќ.
– Притворот се бара по сите основи, најмногу поради можноста за бегство, осомничена е за измама и перење пари, но како што гледате судот објективно заклучи дека не се исполнети условите за ефективен притвор и куќен притвор е бинго во овие услови – рече адвокатот и додаде дека нема да го обжалат ова решение.