Победник на претседателските избори во Венецуела е досегашниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.
Според официјалните податоци, Мадуро добил 5,8 милиони гласови, а неговиот главен ривал Енри Фалкон – 1,8 милиони. Одѕивот достигна 46,1 процент.
Мадуро извојува лесна победа на изборите, а неговите двајца главни соперници ги прогласија за нелегитимни поради бројни нерегуларности.