Во општина Карпош денеска во попладневните часови момче било нокаутирано среде улица од засега непознат насилник, кој веднаш го напуштил местото на настанот.

Настанот се случил во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, каде младо момче, чиј идентитет е непознат, било брутално нападнато, а според очевидците се наоѓало во многу критична состојба.

Момчето се здобило со сериозни повреди во пределот на главата и итно било пренесено во Ургентниот центар. Момчето е во тешка здравствена состојба.

МВР засега нема детали за настанот.