Арнолд Шварценегер и 16-годишната активистка за животна средина, Грета Тунберг, имаат повеќе заедничко отколку што се чини на прв поглед. И двајцата зборуваа против климатските промени и добија разочарувачки реакции од претседателот Трамп.
Шварценегер призна дека бил импресиониран кога ја запознал Грета во Австрија оваа година и ветил дека ќе стори сè што може за да ѝ помогне – дури се понудил да ѝ го позајми својот електричен хамер за време на нејзината посета на САД.
Тунберг пристигна на самитот во Њујорк со брод.
Првичната понуда на познатиот актер беше малку непрактична, рече неговиот портпарол, бидејќи би било многу тешко да се транспортира хамер низ целата земја. Наместо тоа, Шварценегер на Грета ѝ ставил на располагање „тесла модел 3“ за да ѝ помогне да се движи во САД на еколошки начин.