Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман повтори дека „презема целосна одговорност“ за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, но ги отфрли тврдењата дека го нарачал.
– Тоа е грозоморно дело. Како водач на Саудиска Арабија, јас ја преземам целата одговорност, особено затоа што злосторството го извршиле лицата кои работат за саудиската влада – изјавил принцот во емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-би-ес.
На прашањето дали го наредил убиството на Кашоги, кој го критикуваше во колумна во „Вашингтон пост“, принцот Мохамед одговори: „Апсолутно не“.
Тој додаде дека убиството на новинарот е „грешка“.
Тој исто така рече дека не може да знае што прават три милиони вработени во саудиската влада секој ден.
Истакнатиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“ е убиен откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.
За убиството се обвинети 11 лица, но се одржани само неколку рочишта, пренесува „Ројтерс“.