Во кругот на индустриската зона во Струмица во утринските часови на 25 септември се случила сообраќајна незгода со трагичен исход.
Како што информираат од МВР, комбе марка „мерцедес спринтер“ со прилепска регистрација удрило во 69-годишен пешак од Струмица.
Од ударот на комбето, кое го управувал 40-годишен прилепчанец, пешакот починал на местото на настанот.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.