Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 5 од 13, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.