Повредени се тројца работници кои работеле на покрив од објект во изградба при допир на табла од пластифициран лим со 10 киловолтен воздушен далековод на ул. „8-ми Септември“ во Битола.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека повредени биле З.П. (43), Д.Н. (23) и Џ.У. (59), ангажирани од фирмата изведувач на работите на објектот на инвеститор од Демир Хисар.
Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош, по што З.П. и Д.Н. биле задржани на понатамошно лекување, а Џ.У. бил пуштен на домашно лекување.
Увидот на местото извршила екипа од СВР Битола, Јавен обвинител и трудов инспектор.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.