Вулканот Килауе на Хаваите, кој веќе десетина дена исфрла лава, ќе влезе во фаза на експлозивни ерупции со кои ќе исфрла огромни количини на пепел и камења во воздухот, предвидуваат геолозите.
Според наводите на Ројтерс, размерите на таквите ерупции не се забележани уште од минатиот век.
-Се очекуваат уште експлозии и тие ќе бидат се посилни и посилни, информираат од Американскиот геолошки институт. Според нив, вулканот ќе исфрла во воздухот огнени топки тешки и по неколку тони кој ќе претставуваат опасност за авионите. По експлозиите вулканскиот пепел би можел да стигне и до 6 километри во воздухот.
Токму поради активноста на вулканот, на Хаваи константно се бележат силни земјотреси.