Шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и на Британија се сретнаа во Брисел, каде што дискутираа за наоѓање начин за спасување на иранскиот нуклеарен договор, откако американскиот претседател Доналд Трамп го напушти договорот. По средбата, следуваа разговори со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, кои се дел од интензивните дипломатски напори за поддршка на договорот. Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат деновиве во Сочи за да разговараат за кризата.
Советникот за национална безбедност Џон Болтон во неделата предупреди дека е можно воведување секундарни санкции против европските компании што работат со Иран. Германскиот извоз во Иран е зголемен за околу 400 милиони евра, а во 2017 г. вкупно достигна 3 милијарди евра.