Во рамките на превентивно-контролни активности што и годинава ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово за поголема безбедност на пешаците и за подобрување на нивната свест и сообраќајна култура, во вторникот на тетовско-гостиварското подрачје од 12 до 16 часот, спроведена е уште една од серијата акциски контроли, соопшти СВР Тетово.
Во тетовската контрола вкупно опфатени биле 25 пешаци, при што се откриени 17 прекршоци.
-Шест пешаци ги преминувале улиците надвор од обележани премини, пет не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци и наредбите на полициските службеници, исто толку некористеле тротоар, двајца се задржале на коловоз, а еден направил друг вид прекршок. Нивните прекршоци заокружени се со 17 прекршочни платни налози, 14 покани за сообраќајна поука и со 2 писмени опомени- инфомираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Вкупниот број на прекршоци констатирани во гостиварската контрола изнесувал 12. Тие ги преминувале улиците надвор од обележан премин и поради тоа изготвени им се соодветни платни налози, како и 12 покани за сообраќајна поука. Целта и на вчерашната акциска контрола е да се придонесе за поголем сообраќаен ред на тетовските и гостиварските улици, со напомена дека глобите за вакавите прекршоци се движат од 25 до 45 евра во денарска противвредност, потенцираат од СВР Тетово.
А.С