Од утре попладне и во наредните денови земјата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален дожд и грмежи, најавуваат од управата за хидрометеоролошки работи.
Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
За денеска метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне на одредени места во државата се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.