По своја иницијатива 1ТВ, чиј неформален сопственик беше Бојан Јовановски – Боки 13, од вчера престана да емитува програма. Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, доколку телевизијата не емитува програма во наредните 30 дена, ќе ѝ биде одземена дозволата за работа.
Кога Бојан Јовановски беше уапсен за случајот „Рекет“, вработените заминаа на колективен одмор, но неколку дена подоцна продолжија да емитуваат програма.
1ТВ беше отворена минатата година во март. Сопственик на телевизијата е фирмата БМЈ Медиа груп, каде што како сопственици се јавуваат Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски.