На подрачјето на Скопје во раните утрински часови в четврток и в петок, односно утре и задутре ќе се реализира петтата фаза од таканаречената аеросолна или авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Од градот информираат дека петтата фаза од терестичната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе почне на 10 септември 2019 година и ќе заврши најдоцна до 14 септември односно од вторник до сабота. Прскањето од земја ќе се изведува во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Како и секогаш, и овој пат доколку временските услови бидат причина да не може да се изведе дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни и во истиот термин. Од градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.