Осум деца починаа по вчерашниот напад во основно училиште во Кина. Нападот се случил во утринските часови во основно училиште на првиот ден од училишната година во градот Енши, во централната кинеска провинција Хубеи.
Сите повредени ученици веднаш биле хоспитализирани, но само две деца го преживеале нападот.
Полицијата досега не откри каков вид напад е извршен, дали напаѓачот имал оружје и кои биле мотивите да ги нападне децата.