Големото разочарување од актуелната политичка елита во Ирак по сѐ изгледа ѝ помогна на коалицијата на влијателниот шиитски свештеник Моктада ал Садр да обезбеди убедливо водство на парламентарните избори, кои беа обележани со рекордно ниска излезеност. Првичните резултати од изборите во неделата, први откако Ирак прогласи победа над Исламската држава (ИД), покажуваат дека политичкиот сојуз на Ал Садр има водство во четири провинции, вклучувајќи го и Багдад.
Изборите се одржаа во период кога земјата се справува со лишување на правото на глас на сунитското малцинство во Ирак. Од над два милиони Ирачани раселени од војната, мнозинството се сунити. Исто така улога има и влијанието на Иран врз Ирак, што може да се види од фактот дека проиранските шиитски милиции, кои има клучна улога во победата над ИД, и нивните сојузници од шиитската влада во Багдат остварија убедливи изборни резултати.