Веќе премногу пати и премногу јасно ни дадоа до знаење дека не се здружуваат заради идеи, начела, стратегии и цели, туку едноставно заради позиции, буџети и привилегии, кои им отвораат неограничени можности исклучиво за личен просперитет. И тука веќе неумесно е да се говори за остварување некакви државни и национални интереси и на граѓаните да им се ветуваат некакви промени до крајот на мандатот, односно до редовните или, пак, по евентуалните предвремени избори, кога клучните политички актери во земјава никако не можат или не сакаат да се ослободат од дисфункционалноста, па дури и деструктивноста на својот политички настап, кој ги обесмислува сите промовирани приоритети…
Транзицискиот провизориум во кој веќе со децении нештата се одвиваат стихијно, без идеја, стратегија и цел, со својата долговечност дефинитивно ги надживеа сите надежи за некакви промени на подобро. Ги закопа длабоко во земја како остатоци од заразена мрша. Нескротливата сила и упорност на таквиот провизориум се во тоа што тој со неподнослива леснотија апсорбира секаква критика, дрско игнорирајќи ги сите, па дури и најдобронамерните укажувања. Со својата самобендисаност, себичност, склоност кон манипулации и, соодветно на тоа, со негрижата кон општиот интерес, генераторите на оваа состојба сето време се доследни само во едното – во одржувањето на лесно кршливите рамки за нивното непринципиелно, најчесто партиско, како впрочем и најконјунктурното, но и на други форми на здружување, па дури и на оние најпервертираните. А сето тоа поради можноста за узурпирање на правото на одлучување и управување во насока исклучиво на сопствените цели и интереси.
И во таквиот политички, морален и интелектуален вакуум на дискредитираните и контрапродуктивни обиди да се одбранат старите политики и начин на владеење, некомпетентната политичка елита самоуверено се надева и очекува дека во октомври, односно до крајот на годинава, ќе ѝ биде исплатена добивка од најголемата и најризична трансакција во историјата на македонскиот народ и држава – промената на државното име. Притоа, свесно или несвесно, забораваат дека тоа никогаш не бил единствениот услов за евроатлантските интеграции и дека токму поради немерливата сериозност на ова прашање не смееше ниту да се помислува тоа, како такво, да биде и експонирано
Веќе премногу пати и премногу јасно ни дадоа до знаење дека не се здружуваат заради идеи, начела, стратегии и цели, туку едноставно заради позиции, буџети и привилегии, кои им отвораат неограничени можности исклучиво за личен просперитет. И тука веќе неумесно е да се говори за остварување некакви државни и национални интереси и на граѓаните да им се ветуваат некакви промени до крајот на мандатот, односно до редовните или, пак, по евентуалните предвремени избори кога клучните политички актери во земјава никако не можат или не сакаат да се ослободат од дисфункционалноста, па дури и деструктивноста на својот политички настап, кој ги обесмислува сите промовирани приоритети, од процесот на хармонизирањето на националното законодавство со европското правно наследство, преку изградбата на независни и ефикасни институции, до артикулирањето и насочувањето на процесите со кои тековно се соочуваат внатре во земјава, на регионалното и на глобалното ниво.
Само последната афера што длабоко ги компромитираше, за жал, не за првпат, и правосудството и извршната и законодавната власт, ги потврди сите наведени поставки.
И во таквиот политички, морален и интелектуален вакуум на дискредитираните и контрапродуктивните обиди да се одбранат старите политики и начин на владеење, некомпетентната политичка елита самоуверено се надева и очекува дека во октомври, односно до крајот на годинава, ќе ѝ биде исплатена добивка од најголемата и најризична трансакција во историјата на македонскиот народ и држава – промената на државното име. Притоа, свесно или несвесно, забораваат дека тоа никогаш не бил единствениот услов за евроатлантските интеграции и дека токму поради немерливата сериозност на ова прашање не смееше ниту да се помислува тоа, како такво, да биде и експонирано. Но штетата веќе е направена. Сега треба добро да се внимава таа да не остане ненадоместлива, а прашање на денови, не на недели или месеци, е дали таа ќе биде рефундирана, за што постои само еден начин – добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ во октомври. Тоа, наедно, е и единствената реална мобилизациска парадигма врз која можат да се потпрат и власта и опозицијата. Сѐ друго би било само празни ветувања и наивни обиди за самоамнестирање од одговорноста за направените грешки и пропусти.