Германската полиција денеска соопшти дека во соработка со колегите од Литванија и Хрватска затворила интернет-страница на која биле поставени упатства за изработка на бомби.
Полицијата од Гетинген соопшти дека 1.000 полицајци биле вклучени во претресите во трите земји и дека 22 лица се осомничени дека имаат врски со страницата xplosives.net.
Властите го заплениле серверот на страницата и бројните уреди за чување податоци, пренесе агенцијата „Танјуг“.
На страницата имало информации за тоа како да се направи оружје и експлозиви.
За време на претресите, запленети биле одредена количина експлозив и дрога.