Фото: Зоран Антоски

Планинарите на ПСД „Бистра“ Кичево, традиционално, секоја година ја посетуваат месноста Ѓурѓејца, каде пред споменикот на загинатите востаници од времето на Илинден, оддаваат почит. Тие со пиетет зборуваат за многуте жртви кои го положиле животот во борбата за слобода и ветуваат дека секогаш на овој ден ќе бидат тука на поклонение на ледината помеѓу селата Кладник и Карбуница и ќе евоцираат спомени на тоа време.

Фото: Зоран Антоски

– Ни топлото време не беше пречка ние, планинарите на ПСД „Бистра“ Кичево, да ја продолжиме традицијата да го посетиме споменикот на Ѓурѓејца, за да им оддадеме почит на нашите Илиндеци кои на ова место пред 116 години го положиле животот баранејќи ја слободната територија и градот Крушево. И ние помладите генерации од Кичево ги учиме лекциите од нашата историја и ветуваме дека ќе продолжиме по нивниот пат – ветија планинарите од ПСД „Бистра“ Кичево, каде покрај планинари од посилниот пол, зедоа учество и повеќе девојки.

Фото: Зоран Антоски

Кичевските планинари својата посветеност на македонската историја ја потврдуваа и со редовниот марш на Лопушник, кадешто загинал македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, со маршот насловен како „Цвеќе за Рацин“.

З.А.