Нашите државници не смеат никогаш да се согласат на отуѓување на Косово и Метохија затоа што она што ќе му се поклони некому тоа засекогаш е изгубено, а тоа Србите и Србија не смеат да го дозволат, ова е ставот на Српската православна црква, кој бил изнесен на последниот Свети архијерејски сабор.
Во јавноста се сретнува идејата за поделба на КиМ меѓу Србија и самопрогласената „косовска држава“. Притоа, свесно или несвесно се занемарува фактот дека поделбата не би била ништо друго туку признавање „независна држава Косово“ и поклонување на најголемиот дел од оваа покраина. Во светската историја нема пример некој народ во мир, две децении по оружен судир, да дава нешто свое за свое. Со поделбата народот во поголемиот дел од КиМ автоматски би бил оставен на милост и немилост на режимот на т.н. држава Косово, и ќе биде изложен на прогон – се нагласува во соопштението на СПЦ.
Косово и Метохија, не е прашање на национална идеологија или митологија, ниту само територија, туку ја претставува суштината на нашето црковно-народно битие и постоење, без кое ќе се изгубиме во процесот на општата глобализација и секуларизација. Просперитетот на Србија не може да се гради на дезинтеграција на тоа што претставува камен-темелник на нејзиниот идентитет и нејзината историја и државност.