Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 150 километри јужно од Скопје, во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.
Најсилниот земјотрес во 16.21 часот со локална Рихтерова магнитуда МЛ4.4, беше почувствуван особено во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Во Битола, Гевгелија и околината земјотресот беше почувствуван со интензитет од три степени.