Иран збогатил 24 тони ураниум по склучување на меѓународниот нуклеарен договор со големите сили во 2015 година. Ова го нагласи шефот на иранската агенција за атомска енергија, Али Акбар Салехи. Иранската државна телевизија ја пренесе изјавата на Салехи дека „земјата не збогатила 300 килограми ураниум, туку 24 тони“.
Според договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма од 2015 година, официјален Техеран се обврза да нема поголеми залихи од 300 килограми ураниум збогатен до ниво 3,67 отсто, но притоа смее да збогатува ураниум за извоз што најчесто одеше за Русија.