Синоќа околу 23 часот во кафулето „Кафе ин“ во центарот на Прилеп во жардинерија е пронајдена бомба. Бомбата е отсранета од МВР, велат од ОЈО Прилеп и истрагата е во тек.
Бомбата била забележана од гостин во кафулето по што било евакуирано. Од ОЈО Прилеп велат дека направата е дадена на вештачење.
Од МВР за случајот информираа дека се работи за школска бомба која немала експлозивно полнење.
– Нема повредени лица ниту материјална штета – велат од МВР.
Пред една недела исто во ова кафуле беше пронајдена бомба, а досега нема информација кој и зошто ја поставил.
Ка.М.