Мрежата за заштита од дискриминација денеска ќе го промовира Извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018). Промоцијата ќе се оддржи во 11 часот во Хотел Солун.
Целта на извештајот е да се оцени функционалноста на постојните правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, со фокус на имплементацијата на Закон за спречување и заштита од дискриминација од 2010 година и функционалноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Подготвениот извештај дава преглед на севкупното досегашно работење на КЗД, ги идентификува позитивните и негативните аспекти во имплементацијата на ЗСЗД, а воедно тој претставува и основа за компарација на понатамошното работење на новата Комисија во остварувањето на нејзиниот нов пропишан мандат. Извештајот овозможува идентификување на клучни препораки со цел надминување на досегашните недостатоци при имплементацијата на Законот за спречвање и заштита од дискриминација.
Анализата е дел од заедничката акција на Мрежата за заштита од дискриминација за следење на процесот на усогласување на националното законодавство со европското во делот на антидискриминацијата.