Во три области на Евија е прогласена вонредна состојба поради пожарите што избија во четвртокот.
Генералниот секретар за цивилна заштита ги прогласи областите Авлон, Конистрес и Таминеус во регионот Кими-Аливери како области на кои им е потребна итна заштита, бидејќи пожарот предизвикал голема штета, објави АНА.
Првиот пожар изби во четвртокот попладне во Маникија, на земјоделско земјиште, додека другите два почнаа истовремено, непосредно пред полноќ во четвртокот.
Пет населени места се евакуирани од претпазливост.
Повеќе од 300 пожарникари беа ангажирани во гаснење на пожарите во кои никој не е повреден.
Во петокот еден човек беше уапсен под сомнение дека подметнал еден од пожарите. Тој е осомниечен и за неколку обиди за продметнување на пожари на повеќе места во Грција.