Специјалниот претставник на Вашингтон за Сирија, Џејмс Џефри, официјално побара од Германија да помогне во борбата против остатоците од ИД, со испраќање копнени сили, кои ќе им помогнат на курдските Сириски демократски сили во североисточна Сирија.
Џефри побара од Бундесверот да испрати инструктори, логистички експерти и техничари да заменат делумно американски војници и додаде дека очекува одговор до крајот на месецот.
„Сакаме Германиј да испрати копнени сили за делумно да ги замени нашите трупи“, рече Џефери во интервју за германскиот „Велт ам Зонтанг“.