Денес во Кичево по шести пат се одржа Отворениот ден на мултикултурализмот.
Можеше да се вкусат питулици од повеќе видови, ѓомлезе, турска баклава, шеќерпаре, слатки и солени колачи и торти, повеќе видови кифлички, разни печива и што уште не.
– Она што го планиравме за шестиот Отворен ден на мултикултурализмот во целост и го спроведовме. Ги презентиравме народните носии од сите етнички заедници, понудивме културно-забавна програма за сите вкусови, а завршницата на овој традиционален настан беше предвидена за дегустација на храна изработена од членовите на здружението „Вредит да си од Кичево“ и нивните помагатели. Добрата посета и разновидните содржини беа мамка за голем број граѓани на Кичево – истакна Јани Зердески, член на здружението „Вредит да си од Кичево“ а оваа манифестација ја помогнаа и општина Кичево, Центарот за култура „Кочо Рацин“ и Министерството за култура.