Седницата на Собранието на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата е закажана за денеска. На 103-та седница на дневен ред е и предлогот за разрешување на неколку министри, кои ќе бидат заменети со нови имиња.
Претходно, премиерот Зоран Заев до претседателот на Собранието, Талат Џафери го достави предлогот за избор на нови министри во Владата.
Трајан Димковски е предложен за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.
Обврската министер за финансии ќе ја преземе премиерот, кој извесно време ќе ја извршува оваа функцијата заедно со функцијата претседател на Владата.