Грчките власти откриле и уништиле плантажа со канабис и уапсиле шест членови на грчко-албанска криминална група, додека за еден албански државјанин, сопственик на плантажата, е распишана потерница, објавија грчките медиуми.
Како што пренесува „Танјуг“, полицијата уништила повеќе од 12.000 корени од канабис, чија вредност на пазарот надминува шест милиони евра.
Плантажата била откриена на место викано Стефани, околу 50 километри од Атина.
При уништување на плантажата, запленет е и еден „калашников“ со 26 куршуми, еден пиштол, пет пушки, 5.310 евра, 10 мобилни телефони, три двогледи и комплетна опрема за одгледување на канабис.
Според полициски проценки, плантажата работела неколку години. Само инвестициите во нејзината инфраструктура се проценуваат на еден милион евра.
Откривањето на оваа плантажа ги навде германските медиуми да заклучат дека Албанија и Грција се најголеми производители на канабис во Европа, пишува ABC News.