На Општинскиот натпревар по прва помош за основните и средните училишта што денес се одржа на кејот на реката Сушица во Кичево, зедоа учество десет екипи по две од трите градски основни училишта ОУ „Санде Штерјоски“,ОУ „К.Ј.Питу“ и ОУ„ Д-р. Владимир Полежиноски“ и по две екипи од средните училишта ОСУ „ Мирко Милески“ и ОСУ „Дрита“.
-На Општинскиот натпревар по прва помош што денес се одржа во нашиот град, во крајно изедначена конкуренција првото место во категорија на основни училишта го освоија учениците од ОУ„ К.Ј.Питу“ од деветто одделение.Второто место им припадна на учениците од ОУ„ Д-р. Владимир Полежиноски“ а на трето место се пласираа учениците од пониските одделенија од ОУ„ К.Ј.Питу“. Кај средните училишта првото место го освои ОСУ„ Дрита“ а второто место го освоија нивните врсници од ОСУ„ Мирко Милески“.Победничките екипи беа предводени од менторите Сања Николоска Јовановиќ кај основците и Луљета Селими кај средношколците. Екипата на ОСУ„ Дрита“ со освојувањето на првото место се стекна со право да учествува на регионалниот натпревар во Битола – истакна Јане Кочоски од Општинската организација на Црвениот крст Кичево, организатор на овие натпревари.