Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хамки Аској денеска изјави оти обединувањето на Кипар како федерација најверојатно нема да биде можно, навестувајќи дека треба да се побараат алтернативни решенија за повеќе децениската етничка поделба на Кипар.
– Турција верува дека е време да се изнајде нов начин за мировниот договор, посочи Аској, но не наведе повеќе детали за тоа.
Тој ги обвини и кипарските Грци за неуспешните мировни преговори.
Кипар е поделен на турски и грчки дел во 1974 година.