Најмалку 12 лица загинаа во експлозија на автомобил бомба покрај безбедносен пункт во Могадишу, Сомалија.
Властите изјавија дека експлозивот во автомобилот го активирал бомбаш самоубиец, а засега има 12 загинати, меѓу кои и шестмина припадници на безбедносните сили и една жена – висок претставник од армијата. Останатите петмина загинати се цивили, а при нападот биле повредени и двајца членови на сомалискиот парламент.
Одговорност за нападот презеде исламистичката група Ал Шабаб, која е огранок на терористичката мрежа Ал Каеда во Сомалија.