Со убодни рани во стомакот синоќа е хоспитализирана 25- годишна девоја од Скопје. Како што информира полицијата, вчера околу 17,30 часот во Единицата за известување и команда Скопје од Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повреденa В.М.(25) од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.
Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се самоповредила со нож во пределот на абдоменот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.