Законот во Германија ќе го прогласи вакцинирањето за задолжително за децата во училиштата и градинките, пренесува британскиот „Гардијан“.
Родителите кои ќе одбијат да ги вакцинираат своите деца против мали сипаници во Германија ќе бидат казнети со парична казна во висина од 250.000 евра, според нацрт-законот претставен од страна на министерот за здравство, Џенс Шпан.
Законот, кој ќе стапи на сила на 1 март 2022 годин, ако биде одобрен од страна на парламентот пред крајот на годинава, ќе го направи вакцинирањето против малите сипаници задолжително за сите деца во училиштата и градинките, како и за професорите и за медицинскиот персонал во болниците.
До јули 2020 година, родителите кои ќе ги запишуваат своите деца во градинките или во училиштата, ќе мораат или да прикажат доказ дека нивните деца се вакцинирани, или доказ од здравствената состојба која ги спречува нивните малечки да примат вакцина.
Според проценките на Министерството за здравство, законот исто така ќе опфати околу 361.000 невакцинирани деца кои што веќе одат во училиште или градинка, како и околу 220.000 возрасни лица.
– Сите родители треба да знаат со сигурност дека нивните деца не можат да бидат заразени или загрозени од малите сипаници – вели Шпан.