Изминатата ноќ беше проследена со тешка борба во битката за либискиот главен град Триполи, откако ниту една од страните во конфликтот не успеа да направи значителен напредок на фронтовите, јавува „Јуроњуз“.

Офанзивата на одметнатиот генерал Хафтар и неговата Либиска национална армија (ЛНА) влегува во петата недела, војска која има паралелна администрација и во градот Бенгази. Како што пишуваат медиумите, ЛНА изминатата недела довел засилување на трупите и повеќе тешка артилерија на фронтовите.

И покрај напорите на Хафтар, тој со неговата армија не успеа да ја пробие одбранбената линија во јужните предградија на Триоли, кои ги бранат силите лојални на меѓународно признаената влада во главниот град.

Интензивните воени дејствија се одвиаа од вчера попладне до денес наутро, во регионот во близина на поранешниот меѓународен аеродром, но според изјавите на жителите, фронтот сега малку ја има променето локацијата.

ЛНА претходно оваа недела ја промени локацијата на фронтот, но и покрај тоа, не успеа да ги пробие поставените бариери на војската на која го брани Триполи.

Силите на меѓународно признаената влада успеаја да вратат дел од загубената територија, но аналитичарите велат дека заканата од ЛНА постои се додека тие ја држат базата во Гарајн, град на 80 километри јужно од Триполи.

Овој град е важен поради фактот што е во планинско место кое го надгледува главниот град на Либија. Забележано е дека ЛНА праќа трупи во материјали во Гарајн од базите на Хафтар во Бенгази, главниот град на истокот во земјата, или од воздушната база Џуфрах, велат воени извори за „Јуроњуз“.