Екипите на ЈП „Комунална хигиена“, по налог на град Скопје, денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии во населбата Горно Лисиче, на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.
Во оваа акција беа подигнати и транспортирани речиси 150 кубни метри комунален, градежен и кабаст отпад, а активностите за расчистување на теренот ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат животната средина и јавните површини од загадување, а отпадот од домаќинствата да го одлагаат исклучиво во контејнерите наменети за комунален смет.