Загрепчанецот Томислав Лубењак го собори Гинисовиот рекорд за најдолго туркање на автомобил, туркајќи го возилото повеќе од 85 километри и тоа со брзина од шест километри на час.
Неговиот потфат започна вчера во 15 часот, кога беше вклучена официјалната стоперка и стартуван пратечкиот автомобил кој го следеше секој чекор на Томислав, а службените лица будно го надгледуваа развојот на настаните со цел да се евидентираат било какви неправилности при обидот да се урне светскиот рекорд, објави „Вечерњи лист“.
Целта е за 24 часа, Лубењак да премине 100 километри туркајќи автомобил од 730 килограми со возач, но тој рекордот го собори утринава кога пред очекуваниот термин влезе во 83 километар.
Томислав на самиот почеток започнал со исклучително високо темпо, а во моментов возилото го турка со брзина при која еден километар минува за девет минути и 30 секунди, движејќи се со просечна брзина од шест километри на час.
Срцето на Томислав моментално е под 80 отчукувања во минута.
-Мојата цел е стотка- вели Томислав, најавувајќи дека верува оти во рок од 24 часа автомобилот ќе го истурка неверојатни 100 километри. Со така високо поставениот предизвик, загрепчанецот не само што го предизвикува светскиот рекорд во должина на туркање на автомобил, туку и во должина на туркање на автомобил од две лица истовремено.
Иако рекордот веќе е срушен, Лубењак автомобилот ќе го турка денеска до 15 часот.