Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да стапи во контакт со француското Министерство за надворешни работи за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам.
– Целта е да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење, соопшти владианата прес-служба.