Суеверието дека канадскиот рапер Дрејк им носи несреќа на спортистите кои на некој начин се поврзани со него, со кои е пријател, или носи нивен дрес и ги поддржува, по САД, сега почна да ја заплашува и Европа.
Последна „жртва“ на популарната „клетва на Дрејк“ беше францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен, за чиј висок пораз од Лил 1-5 многумина го обвинија познатиот рапер. Симпатизерите на ПСЖ сметаат дека највисокиот пораз на клубот уште од 2000 година, се должи на фотографирањето на левиот бек на „светците“ Лаивин Курзава со Дрејк, во пресрет на дуелот.
Ова верување првобитно се рашири во САД, но по сè изгледа дека „клетвата“ започнува да им прави проблеми и на европските фудбалери. Своевиден доказ за клетвата, ако може да се нарече така, е и поразот на Арсенал од Евертон со 0-1, набргу откако Дрејк се дружеше со главнот напаѓач на „топџиите“, Пјер-Емерик Обамејанг.
Истата судбина го снајде и Аргентинецот Серхио Агуеро од Манчестер сити, кој по другарувањето со Канаѓанецот, промаши пенал против Тотенхем во Лигата на шампионите, а потоа неговиот тим загуби со 0-1.
Омилениот НБА-тим на Дрејк, Торонто репторс, никако не успева да стигне до финалето, колеџот на Кентаки не успеа да се бори за титулата во НЦАА-лигата уште од 2012 година, а борецот во Ју-еф-си Конор Мекгрегор загуби од Хабиб Нурмагомедов по поддршката од Дрејк. П.С.