Група еколошки активсти и уметници поставија фигура од познатито анимиран лик од серијата Ла Линеа со цел да ги предупредат граѓаните на опасната ерозија на земја и оштетувањето на патот од Тетово кон месноста Бањиче, а воедно да ја алармираат оштината. Ерозијата трае веќе неколку години, а според активистите, опасноста е во тоа што повеќе се шири и го уништува коловозот.
Патот до месноста Бањиче од страна на општина Тетово се реконструираше откако во невремето од август 2015 година беше оштетен. Иако беа изградени потпорни ѕидови дел од нив во текот на годините попуштија и се јавија ерозии на земјиштето кои паднаа на коловозната лента, но и одрони од патот надолу кон коритото на река Пена.
Во неколку наврати градоначалничката Теута Арифи информираше дека поради ваквата состојба одроните на земја и дрвја се острануваат колку да се расчисти патот но и дека се бара подолгорочно решение за надминување на проблемот.
Во февруари минатата година одроните од земја беа толку големи па возила не можеа да поминат. Општината долж овој пат изгради и пешачка патека, којашто се помалку се користи поради страв на жителите од нови ерозии.
Месноста Бањиче е на два километра од градот и има извори со минерална вода за која граѓаните сметаат дека е лековита.