Здружението „Контекст – Струмица“ и членовите на „Школа за поезија“, која е дел од Светската унија на поети, го пуштија во дигиталниот свет седмото по ред електронско издание на зборникот поезија „Дланковод“. Во збирката, поделени во два дела, се застапени повеќе од 50 автори со една или повеќе песни, на вкупно 117 страници.
– Темата „Рака“ дава плејада можности, бескраен спектар на перципирање, давање помош, поддршка, разбирање, глас, еднаквост, сплотеност. Раката е полна со метафори. Таа има столб, носечка функција гледано од многу аспекти. Имаше премногу начини на кои авторите можеа да си ја поврзат во своите стихови, дотаму што асоцира на копнеж, допир, помирување, но истовремено и на многу непријатни емоции, како моментот со давење во една од застапените песни, убиство, проневера, религиски сегменти, раката на бог, неговиот допир, раката на светецот Фануриј – велат од „Контекст“.