Најновиот руски воено-транспортен авион Иљушин 112В, кој треба да го замени украинскиот Антонов 26, денеска го изведе својот прв лет.
На тестирањето што помина без проблеми, присуствуваа и потпретседателот на Владата на Русија, Јуриј Борисов, како и претставници на Министерството за одбрана и на Министерството за трговски развој.
– Ил-112В не е само транспортер туку единствена платформа која може да биде искористена и за воен и за широк цивилен спектар. Леталото е изработено само од домашни делови. Нашата задача е авионот да не отстапува од современите странски пандани, посочи Борисов.
На авионот Ил-112В се работеше од 2014 година. Тој треба да ги замени застарените Ан-26. До 2030 година ќе бидат повлечени 90 проценти од Ан-26. ми/