Македонската опера и балет најавува моќна изведба на најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.
-На 2 април со почеток во 20 часот публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот, соопштија од МОБ.
„Кармина Бурана“ со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта се: Катерина Стојановска – сопран, Дејан Стоев – контратенор и Горан Начевски – баритон.
Солисти на балетот се: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне (Италија), Мирослав Митрашиновиќ. Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.