Со изложба на фотографии на тема „Спречување на насилен екстремизам” продолжија активностите од проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници кон насилен екстремизам во Македонија“.
Дваесетина фотографии кои ги направија ученици од гостиварските училишта денеска беа претставени во Центарот за култура „АСНОМ“. На најуспешните млади фотографи Енес Абдули и Марија Митревска им беа врачени пригодни награди.
На отварањето на изложбата градоначалникот на општина Гостивар ја истакна заложбата на локалната власт да го унапредува соживотот.
– Нашата општина секогаш ќе поддржува и активно ќе учествува во активности кои, пред сé, ќе значат почитување на човековите права и слобода, недискриминација, добро владееење и унапредување на демократските вредности, почитување на меѓуетничките и меѓукултурните аспекти, што се, всушност, клучните принципи на Националната стратегија за справување со насилниот екстремизам – рече градоначалникот Арбен Таравари.
Изложбата е дел од активностите на Центарот за заедничка основа Скопје со кој е опфатени општините Чаир, Гостивар и Кичево.
Проектот има за цел да ја поддржи националната стратегија и акцискиот план на Национален комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот преку формирање на Акциски тимови во заедницата во општините Чаир, Гостивар и Кичево.
– Во овие активности има елементи на соработка, комуникација и поврзување на учениците од различно етничко потекло, воедно промовирајќи толерантност, мирен соживот, социјална кохезија и соработка на ниво на култура – рече Вилма Венковска Милчев, од граѓанската иницијатива „Центар за заедничка основа“.
Претходно, рамки на овој проект, во Гостивар беа организирани спортски во кои учествуваат ученици од различни средни и основни училишта.
Проектот се спроведува со поддршка од Британската амбасада и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ќе трае до октомври 2020 година.