Најмалку пет ученици и едно возрасно лице се убиени во напад во училиште во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Нападот го извеле двајца тинејџери за време на одморот помеѓу часовите.
Двајца вооружени и маскирани адолесценти, освен учениците го убиле и директорот на училиштето „Раул Бразил“, по што, според одредени информации, се самоубиле. Локалните медиуми информираат дека освен со огнено оружје, тие биле вооружени и со лак и стрела, ножеви, некаков сад, за кој подоцна се утврди дека е Молотов коктел и куфер, кој е однесен на вештачење во полиција. Нападот се случил во 9.30 часот по локално време.
Во нападот што се случил во 9.30 часот по локално време, повредени се и најмалку девет лица, кои веднаш се пренесени во болница.
Гувернерот на Сао Пауло Жоао Дориа изјави дека жртвите биле „сурово убиени“.