Во Прилеппско-долненскиот регион денеска се активни три пожари. Најголемиот пожар е во атарот на селото Горно Село, прилепско-долненскиот регион, додека активен е и пожарот во атарот на прилепското село Марул и кај Дрен-Смолани каде е шумски појас.
Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица, најмногу, околу 50 хектари се зафатени на потегот на Горно Село. Екипите се на терен, помага и локалното население.
-Во регионот кај Горно Село гори нискостеблеста и млада шума. На гаснењето ангажирани се 15 пожарникари, активирани се и вработените во шумското претпријатие „Црн Бор“ а во гаснењето помага и локалното население. Кај селото Марул гори нискостеблеста шума, додека пожар има и на потегот Дрен – Смолани каде е шумски појас. Имаме екипи на терен- изјави Стојчески.
Стојчески вели дека најголемиот дел од пожарите се подметнати.