На прво читање претпоставувам дека колумната на Андреа Пето ви остава впечаток дека има логика во тоа што пишува. Но секогаш е така кога слушате или читате некој што ги поминал Соросовите ќелии за обука. Ако внимателно читате, ќе забележите дека госпоѓата колумнистка ги напаѓа само државите на ЕУ каде што Џорџ Сорос повеќе нема пристап. Ама, пак, Соросовите војници секогаш е лесно да ги демаскираш. Затоа што нивните тврдења и „факти“, никогаш немаат темел, туку само агенда. Доволно е да се споредат начините на дејствување низ светот на оваа невладина „ал каеда“ и на површина излегуваат манипулации, пропаганда и двојни стандарди.
Накратко, колумната на Андреа Пето го критикува однесувањето на некои влади при нивното мешање во обликување на образовниот систем во сопствените држави. Пред сè во високото образование. Таа вели дека не може политиката да ги обликува образованието и науката според својата политичка агенда. Се согласувам. Но јас сум од Македонија. Муабетот на Андреа Пето мене ми е крајно дегутантен и смешен. Знае ли што се случува во моментов кај нас? Чула ли некогаш за договорот со Бугарија и за Преспанскиот договор? Таа вели: „Со други зборови, пристапот до знаење ќе престане да биде право на граѓаните. Политичката веродостојност ќе определи кој може да предава и што да проучува за земјата и за нејзиното минато.“ Прекрасно, нели? Ќе се јави ли некој од тукашното „Отворено општество“, па да ѝ објасни на нивната колешка како политичката веродостојност во Македонија ќе определи кој може да предава и што да проучува во земјата за нејзиното минато? Или да ѝ каже дека со политички договор ќе ни ги менуваат учебниците. И тоа по волја на нашите шовинистички настроени соседи. Или како тоа на сиот свет му е дозволено да ја проучува антиката и да се идентификува со неа, само нас тоа ќе ни биде забрането. Со политички договор.
Андреа Пето крева паника само затоа што четири европски држави тврдат дека го имаат вистинскиот пиштол на Гаврило Принцип. Како би реагирала ако ѝ се каже дека Македонците, по желба на безумни, изопачени политичари со биографии полни Соросови грантови, ќе мораат да ги празнуваат своите национални празници со Бугарите? Сеедно што Илинденското востание, на пример, не е национален празник во Бугарија, ама ние со политичка одлука ќе мораме да го славиме со нив. Ќе се јави ли некој од тукашниве Соросови хистерици да се побуни зашто ни забранија, секако со политичка волја, да го користиме терминот, „бугарски фашистички окупатор“?
Андреа Пето вели: „Не можеме да бидеме ’плуралисти’ и да бараме ’инклузивност’ кога историските факти диктираат единствен вистински одговор за некое прашање“. Ела во Македонија да видиш дека може. Понатаму,таа нагласува дека за историските прашања „треба да одлучуваат експерти што завршиле ригорозно образование од областа на историјата“, што исто така звучи нормално, „а не експерти што се водат од политичка агенда“. Паметна девојка, ќе заклучи логички нормалниот читател, а потоа случајно ќе залута во Македонија и логиката ќе му експлодира среде карневалот на безумноста. Па кај нас, бре, банда новинари и активисти од платниот список на лажниот унгарски филантроп кренаа хистерија до небо само затоа што историчари почнаа да пишуваат книги и да изнесуваат документи од блиската македонска историја што се третираше за неподобна во времето на комунизмот, врескаа на сиот глас против историски документарни филмови, добија беснило затоа што се постави споменик на Александар Македонски и се отвори музеј на македонската револуционерна борба. Да им се дозволеше тогаш, среде нивната хистерија, ќе ги ставеа историчарите во затвор. Сакам да кажам, пиштолот на Гаврило Принцип што толку ја возбуди чувствителната Андреа Пето, во нашиот случај звучи како пиштол плашливец во рацете на дете. Како тргнале работите, тука ќе го забранат институтот за национална историја, додека премиерот како некој одлепен кустос се топори пред камери да ни каже што, според политички договор, ќе мора да пишува под македонските споменици.
„Политиките за демократската наука се засновани на принципот дека пристапот до науката е човеково право“, вели Андреа Пето. Освен во Македонија, додавам јас. Таа ќе ме демантира, ќе рече не само во Македонија, зашто, еве, „блокираа финансиска поддршка за истражувачки проекти“, во Бугарија, „отстранија образовни програми“ во Унгарија и „елиминираа цели дисциплини“, во Полска.
Но тоа е друга приказна. Една друга битка. Станува збор за фамозните родови студии што во рацете на либералите и Соросовите активисти станаа политичка агенда во сенка на глобалистите и нивните забегани идеи за бришење на сите видови идентитети, од национални, до родови. Таа вели, нè блокираа, отстранија, елиминираа, а всушност станува збор за одбрана од нивната хистерична наезда што живее под мотото „имаш право на мое мислење“. Пред извесно време група професори, инаку левоориентирани, за да покажат на кое ниво се сведени родовите студии низ светските универзитети, испраќаа научни трудови составени со цитати исклучиво од книгата „Мојата борба“ на Адолф Хитлер и, сакате верувале, сакате не верувале, биле оценети и прифатени од овие универзитети со највисоки оценки и воодушевување. Нормално, поим немале дека се работи за книгата на Хитлер.
Пред една година, професорот Џордан Питерсон беше избркан од Универзитетот во Торонто само затоа што одби да ја користи онаа, јас ќе ја нарекувам џендер-будалаштина, околу новосоздадените термини „зи“ и „зр“ што треба да ги заменат англиските „тој“ и „таа“, затоа што, види мајката, некои луѓе сè уште не биле сигурни на каков род припаѓаат. Уф, ги нареков луѓе, може не се сигурни дека се тоа, може треба да ги нарекуваме политички коректни субјекти составени од крв и месо, енергија и отворени жиро-сметки, неопределен род и вакуум во главите. Знаете каде лежи проблемот? Воопшто не ме интересира дали „зи“ роден во машко тело се чувствува како „таа“, може ако сака да се чувствува, нарекува и претставува како ф`стак заробен во лушпа од орев, не му/ѝ се мешам, ама не може мене насила да ми наметнува јас како да го гледам и чувствувам. А тоа е нивната крајна цел. Да го наметнат нивниот светоглед како догма, закон што ако не го почитуваш, ќе бидеш казнет, затворен, избркан од работа, запален на клада што се новите форми на глобалистичка инквизиција и нацизам.