Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 12 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена обланост и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи претежно од дожд се очекува во понеделник кон крајот на денот. Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.