Ќе направиме сè за да се откријат причините за несреќата и на повредените да им овозможиме побрзо излекување, рече премиерот Зоран Заев на комеморативната седница на Советот на Општина Гостивар за жртвите во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.
Тој во обраќањето изрази најдлабоко сочувство до семејствата и родините на загинатите, а на повредените побрзо заздравување.
На комеморативната седница се обрати и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, кој рече дека е тажен ден за Македонија и за сите.
-Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава – порача Иванов.
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари им се заблагодари на сите кои помогнале да се ублажи трагедијата.
Таравари, Заев и Иванов први се запишаа во книгата на жалост отворена во салата на Советот на Општина Гостивар. На комеморативната сединца присуствуваа и повеќе министри.